Денеска (06.02.2023) полициски службеници за превенција од Одделението за внатрешни работи Делчево, при СВР Штип, спроведоа превентивни едукативни активности посветени на сообрќајната безбедност. Под мотото „Паркирај совесно - паркирај одговорно“ и „Биди подготвен за безбедно патување во зима“ на повеќе локации во Делчево и околината, полициските службеници им укажуваа на возачите учесници во сообраќајот за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи во интерес на сообраќајната безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Правилното, прописно паркирање и носењето и користењето на зимска опрема во зимската сезона се законски обврски што мора секој учесник да ги почитува и применува. Исто така, полициските службеници на возачите им делеа и печатени материјали, подготвени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај со едукативна содржина за важноста и обврската за поседување и носење зимска опрема во возилата, како и за неправилното паркирање кое е една од причините за сообраќајни незгоди во кои жртви се пешаците и велосипедисти.