Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, на 25.01 и 26.01.2023 година беа реализирани две едукативни работилници со ученици од осмо и деветто одделение во Основното општинско училиште „Вера Циривири Трена“ на подрачјето на Карпош.
Овој пат превентивните активности како дел од проектот „Безбедност во училиштата“ беа тематски посветени на различните видови на насилство.
Основна цел на работилниците беше подигање на свеста кај малолетната популација за елементите на сите видови на насилство, како да ги препознаат, детектираат и пријават, но и да не се однесуваат насилно во училиште и во секојдневниот живот, а сето тоа со цел одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.