26 јануари 2023

Превентивни активности на ОВР Делчево и РСБСП за побезбеден сообраќај


Вчера (25.01.) под мотото “Паркирај совесно-Паркирај одговорно“; “Биди подготвен за безбедно патување во зима“ и “Вози одговорно- стави појас“, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево реализираа превентивни активности на повеќе локации на подрачјето на градот.
Притоа, полициските службеници на возачите, учесници во сообраќајот, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, им делеа летоци со едукативна содржина за важноста и обврската за поседување и носење зимска опрема во возилата, потоа за почитувањето на еден од суштинските безбедносни стандарди – користењето на појаси во возилата, односно за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи со цел запазување на сопствената и на безбедноста на сите други учесници во сообраќајот.