19 јануари 2023

Превентивна активност на РЦ за ГР Исток и РЦ за ГР Север на тема: „Студено време, ниски надворешни температури и смрзнатини"

Вчера (18.01.2023), полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи - Исток, Полициската станиза за гранична проверка и граничен надзор Деве Баир и Регионалниот центар за гранични работи - Север, ПС за ГП и ГН Крива Паланка на станичните подрачја на ПС за ГП и ГН Деве Баир и ПС за ГП и ГН Крива Паланка, во соработка со ОО на Црвениот крст Крива Паланка во с. Мала Црцорија, с. Голема Црцорија и с. Костур, преку непосредни средби со граѓаните, превентивно ги советуваа граѓаните за можни последици предизвикани како резултат на ниските надворешни температури, како да се заштитат и како да побараат помош.

Притоа на граѓаните им беа поделени летоци "МВР за граѓаните", "МВР секогаш со граѓаните", со телефонските броеви 192 и 112.