Денеска (19.01.2023) полициски службеници при ОВР Крушево на повеќе патни правци на подрачјето на Крушево реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот.
Притоа, во рамки на кампањите „Биди одговорен, користи зимска опрема“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш!“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ со возачите, полициските службеници укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови, почнувајќи од задолжителното носење и користење на зимска опрема за возилата, прилагодување на сообраќајот согласно отежнатите услови на патиштата, како и некористење на мобилен телефон додека се управува со моторно возило.
Воедно на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Исто така, на 18.01.2023 од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод спроведена е превентивна активност со месното население, а во врска со задолжителната замена на дозволите издадени до 31.12.2006 година и потврдите од Д-категорија издадени од 01.01.2007 година. За време на превентивната активност на населението им се поделени и летоци со едукативна содржина.