16 јануари 2023
Превентивна активност за заштита од измами на СВР Битола- ОВР Македонски Брод
Денеска (16.01.2023) во пензионерскиот дом во Македонски Брод полициски службеници реализираа превентивна активност со пензионерите со цел превенција од имотни деликти и измами. Полициските службеници ги посочуваа начините и можностите за превенција од имотни деликти, но и од измамите насочени главно кон постари лица. На граѓаните им беа делени и едукативни летоци со базични информации во насока на поголема внимателност и заштита од имотни деликти.