12 јануари 2023

Користи зимска опрема- превентивна активност на СВР Велес

Денеска (12.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Велес на автопатот А1 реализираа превентивна активност во рамки на кампањата “Користи зимска опрема“.

Притоа, полициските службеници им укажуваа на возачите за важноста и секако за законската обврска за задолжително поседување и носење на зимска опрема за возилата, а во интерес на нивната безбедност, како и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Истовремено на возачите им беа делени едукативни печатени материјали обезбедени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.