12 јануари 2023

Превентивни активности на СВР Скопје против говорот на омраза

Денеска (12.01.) во ПС ОН Гази Баба, Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од сите полициски станици и одделенија при СВР Скопје, со поддршка од мисијата на ОБСЕ во Скопје почна со реализација на превентивниот проект против “говор на омраза“, во рамки на кој што ќе бидат опфатени сите средни училишта во градот Скопје, а преку одржување на едукативни работилници на истата тема.

Благодарение на соработката и поддршката од мисијата на ОБСЕ, за средношколците се подготвени едукативни материјали за превенција од говорот на омраза.

Инаку, и вчера (11.01.) Одделението за превенција при СВР Скопје, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар, на булеварот “Крсте Мисирков“ пред Трговскиот центар “Мавровка“ реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот. Притоа во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови, почнувајќи од задолжителното носење и користење на зимска опрема за возилата, како и прилагодување на сообраќајот согласно отежнатите услови на патиштата. Исто така на возачите им беа делени едукативни летоци со информативна содржина испечатени во соработка со РСБСП.