11 јануари 2023

Биди одговорен возач, не користи мобилен телефон додека возиш- превентивна активност на СВР Велес

Денеска (11.01.) од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај – Кавадарци, на повеќе локации во околината на Кавадарци беа реализирани сообраќајно едукативни активности под мотото – “Биди одговорен возач - не користи мобилен телефон“. Притоа во разговор со возачите полициските службеници укажуваа на потребата за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи особено во поглед на користењето на мобилните телефони при возење, како еден од позначајните фактори за загрозување на безбедноста во сообраќајот. На возачите им беа делени и едукативни летоци испечатени во соработка и со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Инаку, и завчера (09.01.) во Кавадарци, односно во централното градско подрачје, од страна на полициски службеници од Одделенето за внатрешни работи Кавадарци беше спроведена превентивна активност на тема – “Заштити го домот од кражби-Безбедност на вашиот дом“ а со посебен осврт на превенцијата од имотни деликти (тешки кражби во домови и измами). И во рамки на оваа активност покрај разговорите со граѓаните, пред се со оние од повозрасните старосни категории, полициските службеници делеа печатени едукативни материјали со најважните информации за превенција и заштита од имотните деликти.