Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Аеродром вчера (04.01) реализираа превентивни активности под мотото “Среќни и безбедни празници – не користи петарди и други пиротехнички средства“пред Трговските центри Капитол и Бисер како и околу зелениот пазар зад ТЦ Бисер.
Притоа, полициските службеници на граѓаните им делеа едукативен печатен материјал со испишани препораки и дел од законска регулатива, а со цел информирање за последиците од злоупотебата на пиротехнички средства.
Основна цел беше подигање на свесноста кај граѓаните и особено малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, како и преземање на превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.