Вчера (04.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачјето на ОВР Кавадарци спроведоа превентивно едукативна акција под мотото “Вози одговорно-патувај безбедно“.
Притоа, полициските службеници на возачите им поделија и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, укажувајќи им дека суштински важно е да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, не само во поглед на законските санкции, туку и заради личната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Особено беше потенцирано да не седнуваат зад воланот доколку граѓаните конзумираат алкохол.