Денеска (30.12.) во пресрет на новогодишните празници, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, во просториите на Дневниот центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Штип, на децата згрижени во оваа установа им поделија новогодишни пакетчиња обезбедени од страна на Отсекот за превенција при СВР-Штип. На заедничкото другарување на полициските службеници и децата имаше и куса презентација на концептот насловен како - градиме доверба и се грижиме за безбедноста во заедницата – за важноста и улогата на полицијата во заедницата, како и за неопходноста за соработка со полицијата заради безбедност на сите граѓани, а пред се на децата под мотото ,,Детската насмевка пред се".
Покрај ова, исто така денеска и полициски службеници за превенција од ОВР Свети Николе во соработка со локалниот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при оштина Свети Николе на повеќе локации во Свети Николе реализираа превентивни активности под мотото – “Вози одговорно, празнувај безбедно“.
Притоа на повеќе патни правци во и околу Свети Николе, во непосредна комуникација со возачите, полициските службеници укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи особено во пресрет на новогодишните и божикни празници. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина и апели за време на новогодишните и божикните празници да не се управува моторно возило доколку се конзумира алкохол, за почитување на правилата и прописите за ограничување на брзината, а се со цел нивна безбедност и безбедност на сите учесници во сообраќајот.