30 декември 2022

Вози одговорно, празнувај безбедно- превентивна активност на СВР Битола и РСБСП

Денеска (30.12.) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола на повеќе локации во централното подрачје на Битола реализираа превентивни активности под мотото – “Вози одговорно, празнувај безбедно“. Притоа, не само на сообраќајниците, туку и во повеќе угостителски објекти, во непосредна комуникација со посетителите, полициските службеници укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи особено во пресрет на новогодишните и божикни празници.

На граѓаните, во соработка со РСБСП им беа поделени и летоци со едукативна содржина и со апел за време на новогодишните и божикните празници да не се управува моторно возило доколку се конзумира алкохол, за почитување на правилата и прописите за ограничување на брзината, а се со цел нивна безбедност и безбедност на сите учесници во сообраќајот.