29 декември 2022

Не користи пиротехнички средства- превентивна активност на РЦГР Југ

Во рамките на својот делокруг на работа, полициски службеници од РЦ за ГР Југ - Кавадарци, на подрачјата на Полициските станици за ГП и ГН Меџитлија, за ГП и ГН Богородица, за ГН Михајлово и за ГН Старавина, спроведоа превентивна активност под мотото “Слави со срце, не користи петарди и други пиротехнички средства“.

Целта на активностите беше насочена кон подигање на свеста кај граѓаните да не продаваат, произведуваат, набавуваат или употребуваат недозволени пиротехнички средства, а заради превенирање од настанување на штетни последици по здравјето на луѓето. Воедно беа нагласени и законските последици од неовластена употреба и препродажба на пиротехничките средства согласно позитивните законски прописи.

Во рамките на активноста, од страна на полициските службеници од наведните полициски станици, на граѓаните им беа делени летоци со превентивна содржина, изработени во соработка и со поддршка на УНДП.