28 декември 2022

Предновогодишно дружење на полициските службеници од СВР Скопје со децата од СОС Детско село

Во пресрет на новогодишните празници, вчера (27.12) полициските службеници од Полициската станица од општа надлежност Гази Баба во соработка со Отсекот за превенција при СВР Скопје во просториите на СОС Детско Село на децата згрижени во оваа установа им поделија новогодишни пакетчиња обезбедени од страна на полициските службеници од ПСОН Гази Баба. На заедничкото другарување на полициските службеници и децата имаше и куса презентација на концептот насловен како - градиме доверба и се грижиме за безбедноста во заедницата – за важноста и улогата на полицијата во заедницата, како и за неопходноста за соработка со полицијата заради безбедност на сите граѓани, а пред се на децата.

Покрај тоа, Отсекот за превенција при СВР Скопје во рамките на континуираните превентивни активности од проектот “Безбедност во училиштата“ во соработка со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Аеродром, Карпош, Драчево, како и од Полициските одделенија Сарај и Шуто Оризари реализираа пет едукативни работилници во основните училишта на подрачјата на овие полициски организациони единици: “Ѓоргија Пулевски“, “Братство“, “Наим Фрашери“, “Ибе Паликуќа“ и “26-ти Јули “.

Притоа, основна тема на работилниците беше превенција од злоупотреба на пиротехнички средства, односно информирање на учениците за штетноста и последиците од неовластената и незаконска употреба на пиротехничките средства на јавни и други простори.