27 декември 2022

Превентивна активност на СВР Охрид за побезбеден сообраќај

Во текот на вчерашниот ден (26.12.2022) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во средното училиште „Св.Наум Охридски“ одржаа едукативно предавање од областа на сообраќајот.

При тоа учениците беа запознаени со правилата и прописите како почетници возачи на патнички возила, за потребата од почитување на сообраќајните правила, особено за време на новогодишните и Божикните празаници, како и за неопходноста од подигање на степенот на сообраќајна култура кај помладите категории возачи, што има директен одраз и врз нивната безбедност, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.