27 декември 2022

Превентивни активности на СВР Битола

Во текот на вчерашниот ден ( 26.12.2022) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола во централното градско подрачје во Битола, спроведоа превентивни активности на повеќе теми од областа на имотните деликти, но и околу заштита на населението од употреба на пиротехнички средства, при што во фокусот на вниманието беше младата популација.

Полициските службеници во непосреден котакт со граѓаните укажаа на законските одредби поврзани со употребата на петарди и друга пиротехника, а посебно беше посветено внимание за ризиците при користење на петарди и можните последици по здравјето. Воедно, низ центаралното подрачје на Битола, односно во угостителските објекти, колонијалните продавници, полициските службеници разговараа со граѓаните во делот на превенцијата од измами, кражби и разбојништва.