24 декември 2022

Превентивни активности од областа на сообраќајот и безбедноста на подрачјето на СВР Штип

 Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, во содејство со полициски службеници од Полициската станица Пробиштип, денеска (24.12.2022) во с.Пишица и во централното градско подрачје на Пробиштип спроведе превентивно-едукативна кампања.

Темите на кои беше реализирана оваа превентивна активност беа „Не користи мобилен телефон додека возиш“, „Стави појас“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“, при што низ лични средби со граѓани, беа презентирани корисни совети за самозаштита, а им беа поделени и летоци со едукативна содржина.