Во рамките на континуираните превентивни активности од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје и полициските службеници од полициските станици Аеродром, Центар, Гази Баба, Карпош и Полициското одделение Мирковци на 22 и 23.12.2022 беа реализирани осум едукативни работилници во ООУ„Ѓоргија Пулески“ - Аеродром, ООУ„Кирил и Методиј“, ООУ„Кочо Рацин“– Центар, ООУ „Стив Наумов“, ООУ „Григор Прличев“ – Гази Баба, ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Карпош, ООУ„Александар Урдаревски“ - с.Мирковци , ООУ „Кирил и Методиј“ - с.Кучевиште.
Во рамки на превентивните активности од проектот ,,Безбедност во училиштата“ беа одржани едукативни работилници со презентации на тема „Превенција од злоупотреба на пиротехнички средства“, а притоа беше поделен и едукативен материјал.
Основна цел на превентивните активности е подигање на свеста кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повредите од нивната употреба, како и преземање мерки насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.