Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај-Пробиштип, денеска (20.12.) спроведоа превентивни активности на повеќе локации во Пробиштип, а на тема посветена на сообраќајната безбедност, под мотото “Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина за важноста на законската обврска за поседување и за носење зимска опрема во возилото во текот на задолжителниот период (од 15.10.2022 до 15.03.2023), од аспект на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.