19 декември 2022

Превентивна активност на ОВР Крива Паланка: Не користи пиротехнички средства

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка денеска (19.12.) во основното училиште “Илинден“ во Крива Паланка спроведоа едукативно предавање за учениците, посветено на неовластеното и незаконско употребување на пиротехничките средства, особено за време на претстојните новогодишни и Божиќни празници.

При тоа за учениците беше подготвена соодветна стручна презентација од полициската практика и искуства, на која што децата беа информирани за сите штетни последици од употребата на петардите и другите пиротехнички средства. А особено беше нагласена опасноста од последици по здравјето на децата, како и законските последици што може да ги предизвика неовластената употреба на пиротехниката, при што на децата им беа поделени едукативни печатени материјали изработено во соработка и поддршка од УНДП.