Денеска (19.12.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со Црвен крст Охрид, во основното училиште “Григор Прличев“ во Охрид беше спроведена едукативно превентивна работилница со ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од ова училиште, за штетноста од употреба на пиротехнички средства и можните последици од истите .
Учениците беа запознати дека употребата на пиротехнички средства -петарди може да предизвика тешки телесни повреди, како и траен инвалидитет, но и големи материјални штети. Исто така, на учениците им беше посочено дека неовластената употреба на пиротехнички средства на јавно место е казниво со закон. Од страна на волонтери од Црвен крст Охрид беше изведена симулациска вежба за настаната повреда од употреба на пиротехнички средства, а воедно на учениците им се поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка и поддршка од УНДП.