19 декември 2022

Не користи мобилен телефон додека возиш- превентивна активност на СВР Битола

На (18.12.) полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот, при СВР Битола, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведоа едукативна кампања под мотото “Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Полициските службеници на повеќе патни правци околу Битола како и во централното градско подрачје на Битола, преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се со возачите, укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето како и за сериозните последици кои ги предизвикува таквото однесување.

Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, а се со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста и совесноста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.