16 декември 2022

Превентивна активност на СВР Охрид

Денеска полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Охрид заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Струга, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во СОУ “Нико Нестор“ во Струга спроведоа едукативно предавање посветено на појавата на говор на омраза меѓу младите.

На предавањето на кое што присуствуваа стотина ученици од прва година од ова средно училиште полициските службенци ги презентираа основните суштински информации за оваа појава и за последиците од говорот на омраза, како појава која може да генерира други потешки форми на кривично поведение. На учениците во рамки на предавањето им беа поделени едукативни печатени материјали. Целта на ова едукативна активност беше подигање на свеста кај средношколците за штетноста и опасностите што ги носи говорот на омраза со цел превенирање и препознавање на истиот.