16 декември 2022

Не користете пиротехника- едукативни работилници на СВР Скопје

Продолжувајќи со програмските активности во рамки на проектот “Безбедност во училиштата“, а во пресрет на новогодишните празници и со поддршка од УНДП, денеска полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Ѓорче Петров и Чаир, како и Полициското одделение Шуто Оризари реализираа три едукативни работилници во основните училишта “Страшо Пинџур“ (Ѓорче Петров), “Климент Охридски“ (Чаир) и “26-ти Јули“ (Шуто Оризари).

Темите на едукативните работилници беа посветени на проблематиката со неовластеното и незаконско користење на петардите и другите пиротехнички средства од страна на децата.

Преку практичното полициско исуство на децата им беа презентирани сите факти за штетноста и опасноста од злоупотребата на пиротехничките средства. Основна цел на предавањата беше подигање на свеста кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди, односно пиротехничките средства, пред се во насока на анулирање на опасноста од повреди од нивната употреба, како и на можните материјални штети причинети од незаконското користење на пиротехниката.