Денеска (15.12) во рамки на превентивните активности на Секторот за внатрешни работи Битола во насока на мирно и безбедно прославување на претстојните празници без пиротехнички средства, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево реализираа превентивна активост на таа тема.
Притоа во основното училиште “Никола Карев“ во село Норово полициските службеници пред наставниот кадар и пред децата, односно учениците од ова училиште презентираа низа информации коишто се однесуваат на нивната безбедност, особено по нивното здравје, што може да биде загрозена од незаконското користење на пиротехничките средства. Учениците беа запознаени и со законските норми што го санкционираат ова негативно поведение. Исто така, на децата им беше поделен едукативен материјал изработен во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).