Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (15.12) заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода и Полициското одделение Сарај беа реализирани две едукативни работилници во основните училишта “Круме Кепески“ (Кисела Вода) и “Перпарими“ (село Крушопек).
На работилниците на децата им беа презентирани полициски искуства и практики околу превенцијата од злоупотреба на петардите и другите пиротехнички средства. Исто така, на децата им беше поделен едукативен материјал изработен во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).