15 декември 2022
Не користете пиротехнички средства, може да предизвикаат сериозни повреди- превентивна активност на ОВР Крива Паланка
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка вчера (14.12.) во основното училиште “Св.Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка спроведоа едукативно предавање за учениците посветено на неовластеното и незаконско употребување на пиротехничките средства, особено во контекст на претстојните новогодишни и Божикни празници.
Притоа за учениците од шесто и седмо одделение беше подготвена соодветна стручна презентација од полициската практика и искуства, на која што децата беа информирани за сите штетни последици од употребата на петардите и другите пиротехнички средства. А особено беше нагласена опасноста од последици по здравјето на децата, како и законските последици што може да ги предизвика неовластената употреба на пиротехниката.