15 декември 2022

Не користете пиротехнички средства- превентивна активност на СВР Охрид

Вчера (14.12.) од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Охрид во координација со Црвен крст -Охрид во ОУ “Ванчо Николески“ во село Лескоец, охридско, беше спроведено едукативно предавање за ученици од седмо, осмо и деветто одделение околу штетноста од употреба на пиротехнички средства и можните последици од истите.

На учениците им беше укажано дека употребата на пиротехнички средства може да предизвика тешки телесни повреди, како и траен инвалидитет, но и материјални штети од различен обем. Исто така учениците беа запознати дека неовластената употребата на пиротехнички средства на јавно место е казнива со закон. Воедно од страна на волонтери од Црвениот крст Охрид на присутните им беше презентирана симулација од настаната повреда од употреба на пиротехнички средства.