13 декември 2022

Не користи пиротехнички средства!- превентивна активност на СВР Битола

Во пресрет на новогодишните и божикни празници денеска полициски службеници од Полициското одделение Новаци при Секторот за внатрешни работи Битола во основните училишта во општина Новаци ја започнаа превентивната кампања под мотото – “Не користи пиротехнички средства“.

Во непосредна комуникација со учениците и вработените во училиштата, полициските службеници укажаа за законските, но и за здравствените последици што ги носи забранетата употреба на пиротехнички средства. Пособено беше нагласено дека неовластена употреба на петардите и другиот пиротехнички арсенал, покрај материјални може да предизвика сериозни повреди особено кај децата, па затоа е потребно родителите и наставниците поактивно да се вклучат во превенирањето на ваквите појави.