Вчера (12.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, реализираа едукативно предавање на тема говор на омраза, во ДУТУ “Ванчо Питошески“ во Охрид.
Притоа, со учениците од првата година при оваа образовна институција, полициските службеници говореа за говорот на омраза како девијантен феномен, за неговите опасни и штетни потенцијали во извршување на кривични дела, како и за законските норми кои што ја оопфаќаат оваа појава.
Воедно во рамки на предавањето на учениците им беа поделени едукативни материјали, а се во насока на препознавање, превенирање и спречување на оваа штетна појава.