Вчера (12.12.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод при СВР Битола, реализираа едукативно предавање со учениците од основното општинско училиште “Мустафа Кемал Ататурк“ од село Пласница, за штетноста од употребата на пиротехнички средства, појава која се практикува особено во пресрет на новогодишните празници.
Покрај оваа, тема на предавањето под мотото “без толеранција за дрога и алкохол“ беше и злоупотребата и зависностите од дроги и алкохол кај малолетниците не само од аспект на законската казнивост на овие девијатни појави туку и од аспект за директните последици по здравјето на децата.
Исто така, вчера, полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола ја продолжија кампањата за поголема безбедност на граѓаните од имотните деликти, при што беше разговарано со граѓаните околу превенција од истите, како и за брзото и навремено пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192. Во рамки на таа активност беше поделен едукативен материјал со совети и препораки за заштита од имотни деликти.