10 декември 2022

Превентивна активност на СВР Битола- ПО Ропотово во врска со промените на Законот за оружје

Во текот на вчерашниот ден полициските службеници од СВР Битола -ПО Ропотово спроведоа низа на превентивни активности со претставниците на месните заедници, жителите на населените места, ловни здруженија и групи на граѓани околу проблематиката со малото и лесно оружје.

Притоа, полициските службеници уште еднаш ги презентираа законските промени во делот од Законот за оружје со кои е предвидено задолжителна замена на дозволите за оружје најдоцна до крајот на задолжителниот рок – 04.06.2023. Исто така, на жителите им беше поделен и печатен едукативен материјал во насока на доследно почитување и примена на законските одредби.