10 декември 2022

СВР Скопје го одбележа Денот на превенцијата

“Транспарентноста и професионализмот на полициското работење е клуч кон стекнување на довербата на граѓаните кон полицијата. Концептот на полициско работење во заедницата се покажа како најсоодветен, а првични чекори за негово спроведување беа направени со професионалното и организационо формирање на системот на превенција во полицијата и неговото конкретно секојдневно делување во тесна врска со граѓаните преку разните форми на соработка почнувајќи од Локалните совети за превенција, потоа Советодавните групи на граѓани, па се до Клубови на превенција и во самите училишта“.

Ова, меѓу другото, беше суштинската констатација од вчерашниот настан за одбележување на 9-ти декември – Денот на превенција, што Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје го организираше во Сити мол, на кој што учествуваа претставници од скопските општини, од училишните клубови за превенција, претставници на невладиниот сектор. Под мотото – “граѓаните зборуваат за нас“, претставниците на институции, на учениците, на НВО, на сите партнери што во изминатиот период учествуваа во заеднички превентивни проекти со Одделението за превенција при СВР Скопје имаа можност во непосредна комуникација да ги изложат своите досегашни искуства но и идеи за натамошно развивање на превентивниот концепт на соработка меѓу граѓаните и полицијата.