Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска (10.12) на повеќе локации во Куманово ја започнаа превентивната кампања под мотото – “Не користи пиротехнички средства“.
Во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници укажуваа за законските, но и за здравствените последици што ги носи забранетата употреба на пиротехнички средства.
Посебно во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога пред се малолетниците ги употребуваат овие средства. На граѓаните им беше исто така укажано за законските мерки што се преземаат, но и за потребата од поголема контрола на родителите врз малолетниците. Полициските службеници во централното градско подрачје на Куманово на граѓаните им делеа и печатени едукативни материјали за опасностите кои ги носи нелегалната употреба на пиротехнички средства.