Денеска (09.12) Секторот за внатрешни работи Битола го одбележа Денот на превенцијата со низа превентивни активности од повеќе области. Притоа во контакти со граѓаните и при едукативните средби во предучилишни и училишни установи беа поделени едукативни печатени материјали изработени при континуираната полициска соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и општинските организации на РСБСП.
9- ти декември секоја година се одбележува во сите полициски организациони единици на СВР Битола, од 2008 година, кога за првпат беа промовирани првите полициски инспектори за превенција како нов професионален и организационен сегмент при МВР.