Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Битола, денеска реализираа превентивна работилница со ученици од основното општинско училиште “Даме Груев“ од Битола.
Притоа на работилницата посветена на првооделенците од ова основно училиште основна тема беше запознавањето и едукацијата на децата за основните сообраќајни правила и прописи за децата-пешаци, учесници во сообраќајот. На презентацијата на децата им беа појаснети начините на функционирање на светлосната (семафори) и хоризонталната сигнализација (пешачки премини) и како тие треба да се користат, а исто така стана збор и за правилното движење по тротоарите. Во текот на работилницата на учениците им беше поделен и соодветен едукативен печатен материјал.