Денеска (07.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во основното општинско училиште “Страшо Пинџур“-подрачно училиште во село Дреново реализираа едукативна работилница со децата од прво до деветто одделение на повеќе теми.
Меѓу другото, на учениците им беа презентирани информации и практични полициски искуства за тоа како да се превенира појавата на насилството, пред се врсничкото насилство во и надвор од училиштата, како и околу т.н. “сајбер булинг“ на социјалните мрежи. Исто така на работилницата, а во контекст на претстојните новогодишни и божиќни празници, стана збор и за употребата на пиротехничките средства меѓу децата, при што беа нагласени опасностите од нивната употреба, како и за последиците од употребата на пиротехнички средства. Воедно, а во контекст на злоупотребата на пиротехничките материјали, на сите ученици им беа поделени летоци со едукативна содржини.