07 декември 2022

Превентивна активност на ОВР Крушево

Во рамки на превентивниот проект што се реализира под мотото – “Сигурноста и безбедноста на граѓаните –наша обврска“ денеска полициските службеници од ОВР Крушево во Крушево реализираа превентивни активности во насока на превенција од имотни деликти.

Притоа, на повеќе локации и објекти во Крушево - градскиот пазар, обложувалници, златари, колонијални продавници, полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните и вработените во објектите укажуваа на начините како да се препознае и благовремено да се превенирааат имотните деликти. Особено беше истакната неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а дополнително на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали со совети и препораки за превенција од имотни деликти.