05 декември 2022

Превентивна активност на ОВР Крива Паланка

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска (05.12) во основното општинско училиште “Свети Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка реализираа едукативна работилница на тема “булинг“ меѓу учениците.

Притоа на работилницата посветена на учениците од осмо и деветто одделение од ова училиште беа презентирани штетните последици што можат да настанат врз децата од овој вид социо-патолошко поведение и начините како да се заштитат односно превенира ваквата појава. Исто така на учениците им беа појаснети и законските норми, т.е санкционирањето на ваквата појава.