Вчера (30.11.2022) полициски службеници за превенција при Одделението за внатрешни работи Свети Николе одржааа едукативна работилница во средното општинско училиште “Кочо Рацин“ - пред учениците од земјоделска и ветеринарна струка, а по повод месец Ноември-Светски месец за борба против зависностите.
Полициските службеници преку полициски и стручни искуства на учениците им презентираа релевантни информации околу проблематиката на зависности од дроги и алкохол, за околностите под кои се формира зависноста од истите, како и нивното штетно влијание врз човечкиот организам. Исто така, стана збор и за улогата на полицијата како од репресивна така и од превентивна гледна точка во врска со спречувањето на овие девијантни појави, а се со со цел заштита на младите од зависностите и нивните последици.