Вчера (29.11.2022) во Куманово полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово спроведоа активности со цел граѓаните да бидат информирани дека согласно одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за оружје, рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, за овластување на носење оружје и за потврдите од Д-категорија во кои е регистрирано оружјето за светлосно звучна сигнализација и оружјето со тетива, истекува на 04.06.2023 година.
Во непосреден разговор со граѓаните им беше укажано дека доколку поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за замена на истите до Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи во рамките на Министерството за внатрешни работи, според живеалиштето на граѓаните, односно седиштето на правните лица, и тоа секој работен ден.
Воедно, на граѓаните им беа делени брошури со сите потребни информации и им беше напоменато дека непочитувањето на законски предвидениот рок ќе значи санкционирање на сопствениците на оружјето.