25 ноември 2022

Едукативни работилници на СВР Велес

Вчера, (24.11.) Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за БПС Велес реализираа едукативна работилница на тема – “Безбедност во сообраќајот“ на која земаа учество ученици од прва и трета година од ССОУ “Коле Неделковски“ во Велес. Покрај предавањето на темата за основните сообраќајни правила и прописи во сообракајот, учениците беа запознаени со правата и обврските на возач почетник, и условите за управување на моторно возило.

Исто така, вчера Отсекот за превенција при СВР Велес одржа уште една едукативна работилница со учениците од ССУ “Димитрија Чуповски“ во Велес овој пат на тема - врсничко насилство, потоа за насилството во улилиштата, со посебен oсврт на појавата сајбер булинг. Основна цел на едукативната работилница беше подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците во образовно – воспитната установа, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците во и надвор од училиштето. Покрај тоа, ваквата едукативна активност во интеракција со учениците имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и запознавање со законската регулатива.