25 ноември 2022

Едукативна работилница на СВР Битола

Полициски службеници од отсекот за превенција и од отсекот за недозволена трговија со дрога при Секторот за внатрешни работи Битола вчера (24.11.) во основното училиште “Рампо Левката“ во Прилеп одржаа едукативна работилница посветена на борбата со зависностите.

Притоа, работилницата на која што слушатели беа учениците, заедно со родители и наставниот кадар, тематски беше посветени на појавата на користење и злоупотреба на дроги и последиците од тоа, а стана збор и за насилството како девијатно поведение меѓу младите, при што беа презентирани основните карактеристики, формите, но и начините за превенција од истите.