24 ноември 2022

Безбедно од дома до училиште- превентивна активност на ПС Неготино


Вчера (23.11) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Неготино во соработка со Општинскиот совет за социјална заштита при општина Демир Капија одржаа едукативна работилница со учениците од општинското основно училиште “Димче Андонов Габерот“ од Демир Капија и со децата од детската градинка “Борис Трајковски“ од Демир Капија на тема “Безбедно од дома до училиште“.

Притоа на децата им беа презентирани дел од сообраќајните правила и прописи кои што се суштински за нивната безбедност како учесници во сообраќајот-пешаци. Односно децата беа запознати со значењето на пешачките премини и начинот на движење по тротоарите, и сето тоа низ форма на прашања и одговори со цел децата да бидат активно вклучени во едукативната работилница.