Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола при Секторот за внатрешни работи Битола денеска во основното училиште “Климент Охридски“ во Битола одржаа едукативна работилница со децата и наставничкиот кадар на ова училиште.
Притоа работилницата тематски беше посветена на појавата на насилството како девијатно поведение меѓу младите, при што беа презентирани основните карактеристики, формите, но и начините за превенција од насилството, пред се по однос на врсничкото насилство, семејното насилство, насилството преку социјалните мрежи, насилството на спортски натпревари како и трговијата со луѓе, односно секаде онаму каде што децата се актери или жртви на криминогените појави.