19 ноември 2022

Во Струмица одбележан Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот

Вчера (18.11) на плоштадот Гоце Делчев во Струмица Отсекот за превенција при СВР Струмица и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, заедно со ученици од СОУ „Никола Карев“ од Струмица го одбележаа Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот.

„Во светот секоја година загинуваат 1,3 милиони луѓе во сообраќајни несреќи, а околу 50 милиони се повредени. Во Република Северна Македoнија во 2021 година загинале 116 луѓе, рече претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуваровска на одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот.

МВР и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ги почитуваат правилата и прописите за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Инаку, овој ден се одбележува од 1993 година, а во 2005 година ООН го прогласи за Светски ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот и се одбележува секогаш во третата седмица во месец ноември.