Вчера (18.11) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во соработка со Националната установа “Универзитетска библиотека Гоце Делчев“ од Штип беше одбележан светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.
Беа организирани и едукативни предавања пред учениците од СОУ “Коле Нехтенин“ и учениците од ООУ “Славејко Арсов“ од Штип, а потоа беше одржан марш на ученици во централното градско подрачје со носење на едукативни пароли, кој заврши со делење на едукативни летоци со цел подигнување на севкупната безбедност во сообраќајот.
Вчера, превентивни активности по повод светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи беа реализирани и во Свети Николе, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип.