Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје од превентивниот проект “Безбедност во училиштата“, денеска во соработка со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Гази Баба, Бит Пазар и Аеродром, како и од Полициските одделенија Мирковци и Сарај, беа реализирани пет едукативни работилници во основните училишта “Стив Наумов“ (општина Гази Баба); “Васил Главинов“ (Чаир); “Љубен Лапе“ (општина Аеродром); “Александар Урдаревски“ во село Мирковци и “Перпарими“ во село Крушопек.
Темите на работилниците беа посветени на појавата на насилството, неговите форми и начините за превенирање на истото, како и околу улогата и функцијата на училишните Клубови за превенција во кои што токму учениците треба да имаат ефективен ангажман како примарни фактори во елиминирањето на насилството од училишните средини.
Исто така, денеска полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во рамки на проектот “За безбеден град“ реализираа едукативна работилница и превентивна средба и во две скопски средни училишта. Така во СУГС “Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари се одржа работилница на тема посветена на “говорот на омраза“, додека пак во СУГС “Никола Карев“ во Карпош се реализираше средба со Тимот за безбедност на кој присуствуваа родители , ученици претставици од училишна заедница, инспектори од превенција ЕНТ, малолетничка деликвенција, Командирот на ПСОН Карпош, претставници од психолошко педагошка служба на училиштето и наставници.