Денеска (17.11) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола реализираа едукативна работилница во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.
Темите на работилницата, инаку одржана со ученици од седмите и осмите одделенија од училиштето, беа посветени на насилството како појава која што во многу ги загрозува токму младите.
Притоа на учениците им беа презентирани факти за појавите, формите и превенцијата од насилство, особено кога се работи за видовите како врсничкото насилство, семејното насилство, насилството на спортски натпревари, насилството преку социјални мрежи. Исто така во рамки на работилницата стана збор и за трговијата со луѓе во која што токму децата се едни од најтаргетираните старосни категории, односно жртви на овој облик на криминал.